Мнангагва вети „нова и развиена демократија“ во Зимбабве

од desk4

– Поранешниот потпретседател на Зимбабве, Емерсон Мнангагва (75) кој в петок би требало да го замени Робетр Мугабе на функцијата шеф на државата, денеска нагласи пред насобрани луѓе во Хараре, дека Зимбабве почнува „нова фаза во демократијата“.

– Народот го кажа своето. Гласот на народот е глас на Бога. Денеска сме сведоци на нова и развиена демократија, потенцираше Мнангагва пред илјадниците приврзаници кои се собраа пред седиштето на владејачката партија Зану-ПФ.

Мугабе (93) вчера поднесе оставка на функцијата претсеадтел на државата, а една недела откако армијата и неговите доскорешни политички сојузници ја презедоа власт, со што заврши речиси четиридецениското владеење на Мугабе.

Тоа е првата јавна изјава на Мнангагва по пристуигнувањето од странство, јави ДПА. Тој и се заблагодари на армијата за тоа дека успеале по мирен пат да преземат контрола врз државата.

Слични содржини