МЗШВ: Николовски дава нереални ветувања

од Vladimir Zorba

400-223-true-mid9197642-1

Дополнителниот заменик министер за земјоделство Љупчо Николовски, наводно загрижен за маката на лозарите, денеска повторно даваше нереални ветувања за интервентен откуп на грозјето, реагираше Министерството за земјоделство на денешната изјава на дополнителниот заменик министер Николовски.

„Во денешната изјава Николовски само го потврди неговото непознавање на состојбите во лозарството и винарството.
Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство е свесно дека во овој предизборен период, со надеж дека ќе добие гласови на изборите, опозицијата ќе ветува се и сешто. Но, мора да напоменеме дека проблемите со откупот на македонското грозје од реколта 2016 се практично решени и дека нема потреба од интервентен откуп.
Потврда за тоа се изјавите на претставниците на винарските визби, кои на состанокот пред два дена рекоа дека состојбата ќе се стабилизира со новата мерка на Владата која предвидува субвенции од три денари по килограм „вранец“ за сите винарии кои ќе откупат винско грозје во 2016 година, за количини кои се над 60 проценти, но не повеќе од 130 отсто во споредба со ланските откупени количини од сортата „вранец“.
Со оваа мерка се стимулира откупот на винското грозје во ситуација кога, како што кажаа винариите, на европскиот пазар била понудена пониска цена поради големиот наплив на вина од многу земји“, стои во реакцијата МЗШВ.

Слични содржини