На ЕУ ѝ е потребна силна германска влада, порача Јункер

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Претседателот на Европската комисија, Жан-Клод Јункер, денеска порача дека на Европската Унија и е потребна силна германска влада повеќе од кога и да е претходно, јавуваат агенциите.

„Претседателот Јункер е уверен, во светло на предизвиците со кои се соочени Европа и светот, дека на Европската Унија и е потребна силна германска влада повеќе од кога и да е претходно“, изјавил портпаролот на Јункер, Маргаритис Шинас.

Инаку, Јункер денеска телефонски разговарал со канцеларката Ангела Меркел, чија партија (ЦДУ) победи на вчерашните парламентарни избори во Германија, но и со нејзиниот противкандидат од германската социјална демократска партија (СПД), Мартин Шулц.

Веднаш откако беа познати резлултатите од изборите, Шулц најави дека неговата партија нема повеќе да биде дел од големата коалиција со демохристијаните.

На вчерашните избори и ЦДУ и СПД остварија послаби резултати во однос на претходните избори во 2013 година. ЦДУ на Ангела Меркел ќе мора да преговара со либералите и со партијата на Зелените за составување на новата германска влада.

Слични содржини