Најмалку 72 Германци и 49 Шпанци се меѓу 150-те загинати во вчерашната несреќа во Франција на авион на „Џерман Вингс“, нискобуџетна филијала на германската авиокомпанија „Луфтханза“.

 

d559da99-554e-45f4-8179-f9e782d51c12-620x372

Досега е потврдено дека во авионот Ербас А320, кој летал од Барселона за Дизелдорф, имало 72 германски патници, соопшти „Џерман Вингс“. Според вчерашните податоци, меѓу патниците на авионот биле 67 германски граѓани.

„Џерман Вингс“ и „Луфтханза“ досега оствариле контакт со семејствата на 123 од жртвите во несреќата. Тие се уште се обидуваат да стапат во контакт со блиските на останатите 27 загинати со помош на германското Министерство за надворешни работи.

Досега е потврдена смртта на 49 Шпанци, изјави државниот секретар за безбедност Франсиско Мартинс.

Меѓу жртвите во авионската несреќа се уште тројца Британци, неколкумина Аргентинци, еден Американец, како и жители на Австралија, Белгија, Босна и Херцеговина, Колумбија, Данска, Израел, Јапонија, Мароко, Мексико и Холандија.

Слични содржини