НБА: Вестбрук со нов трипл-дабл

од Vladimir Zorba

 

Кошаркарот на Оклахома Тандер Расел Вестбрук стигна до 19. трипл-дабл сезонава (21 поен, 11 скокови и 12 асистенции), но тоа не беше доволно за победа на гостувањето кај Минесота каде што неговиот тим загуби со 96:86.

Кливленд Кавалирс славеше кај Сакраменто Кингс со убедливи 120:108. Леброн Џејмс имаше придонес од 16 поени и 15 скокови, Кевин Лав имаше 15 поени и дури 18 скокови, додека Кајри Ирвинг беше најефикасен со 26 поени.

Резултати: Кливленд – Шарлот 102:93, Торонто – Бруклин 132:113, Алтанта – Бостон 101:103, Хјустон – Мемфис 105:10, Милвоки – Мајами 116:108, Минесота – Оклахома 96:86, Портланд – Орландо 109:115, Скраменто – Кливленд 108:120, Јута – Детроит 110:77./МИА

Слични содржини