НДМ: Дали мозокот на Иванов закочил во 1990 бидејќи е претседател и врховен командант на држава со гранични столбови на СФРЈ

од Vladimir Zorba
141 прегледи

timthumb

Народно движење за Македонија денеска, 10.09.2016 (сабота) одржа прес конференција на тема: За која независнот зборуваше претседателот и врховен командант Иванов по повод 25 години независна Македонија кога државната територија е дефинирана со ознаки на непостоечка држава – споделување со јавноста скандалозни докази за необележаната државна територија и граница!

На прес конференцијата претседателот на НДМ, Јанко Бачев:

Народно движење за Македонија во име на македонскиот народ го прашува претседателот и врховен командант на вооружените сили, Ѓорге Иванов, за која независност зборуваше по повод 8 септември-Денот на независноста, кога територијата за која зборува дека е независна не е обележана со ознаки на Република Македонија?

Ова е пример на граничен столб од македонско-грчката граница.

Ова е фотографија од вистински граничен столб од македонско-грчката граница.

Како што можете да видите, на граничниот столб од едната страна е грбот и ознаката на Грција, а од другата страна е грбот и ознаката на една непостоечка држава СФРЈ.

Скандалозен е податокот на македонско-грчката граница која во должина од 256 км има гранични столбови кои немаат ознаки на Република Македонија.

Ваквата состојба е опасно загрозување на македонските национални и државни интереси.

Според меѓународното право, еден ентитет да биде признат како држава мора да исполни три услови: власт, население и дефинирана територија. Во државната територија на една држава спаѓа областа што е определена со гранични столбови на односната држава.

Оттука, Република Македонија е изложена на тежок меѓународен срам бидејќи недостасува еден од конституционите елементи на државата, односно, без дефинирана територија со ознаки на односната држава не може да постои држава.

Според меѓународните правила на секои 5 години се врши генерално контролирање и обновување на граничните столбови од страна на мешовита комисија. Во овој момент Македонија нема граничен спор со соседите.

Сепак, 25 години државата територија на РМ е дефинирана со ознаки на СФРЈ.

Затоа, НДМ во име на македонскиот народ бара од Иванов да покрене постапка за поставување гранични столбови со ознаки – Република Македонија, а досегашните гранични столбови со ознаки на СФРЈ да заминат каде што им е местото – во музеј.
Во спротивно, ќе сметаме дека мозокот на Иванов застанал некаде во 1990, бидејќи е претседател и врховен командант на држава со гранични столбови на СФРЈ.

Го предупредуваме претседателот Иванов дека нема мандат населението кое е под суверена власт на РМ да го прикажува во рамки на непостоечка држава СФРЈ и со тоа Македонија да биде фрлена на колена.

Ваквата состојба и понижувачки однос кон државата и народот наскоро ќе завршат. Сите анкети покажуваат дека по 11 декември народот ќе го разбие двопартизмот во кој 25 години се менуваат на власт ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ а земјата останува понижена, посрамена и со нарушено достоинство на меѓународната сцена.

По промените на 11 декември, НДМ како одговорна власт знае како да се грижи за виталните национални и државни интереси./а1он

Слични содржини