Новото истражување на магазинот „Social Forces” покажа дека само 6 отсто од возрасните го работат она што го сакале уште од детството.
Тој податок не чуди со оглед на тоа дека децата ги карактеризира бескрајна фантазија и надеж кои подоцна ќе бидат потиснати од финансиските и љубовните проблеми, како и различните ограничувања.Како резултат на тоа, ќе работиме што било, само не работата од соништата.
Во едно истражување спроведено во велика британија учествувале 3.000 лица, на кои од детството им се поставувани прашања поврзани со желбата за карирата и животните соништа. Методот бил едноставен – истражувачите ги споредиле одговорите на испитаниците од детството со работата која денес ја работат.
Резултатот е очигледен – повеќето работеле ранота која никако не била работа од соништата. Една од можните причини е тоа што децата немаат толку раширена претстава за постоечките професии (повеќето деца сакале да се занимаваат со медицина и научни истражувања, а многу момчиња сакале да бидат полицајци). Од друга страна, начинот на кој децата го перцепираат светот се менува од година во година, а со тоа и нивните желби.
Желбите и соништата се битни, но битно е и да се преживее. Потребни ни се пари за храна, и работиме за да заработиме. Работата и парите стануваат приоритет, а не сништа и желби.
Западната култура не учи дека треба да го работиме тоа што го сакаме и што не прави среќни, но идејата дека секој има можност да го работи она што го сака е надреална. Сосема нормално е со растењето да се менуваат вашите очекувања и приоритети, па според тоа, не е крај на светот ако не сме задоволни со работата.