Британски туристи кои се најдоа на островот Сен Мартен погоден од ураганот Ирма не можат да заминат од островот, а хотелот им е уништен од невремето.
Додека ураганот пустошел две британски двојки прво почувствувале олеснување кога ги виделе џиповите на холандската војска како се движат кон нивниот разрушен хотел, но набрзо биле соочени со суровата реалност: војниците одбиле да ги примат бидејќи не биле американски државјани.
Војниците собирале патници за последниот авион што полетувал од тоа подрачје пред да наиде ураганост Хосе.
„Имаше слободни места во џиповите, но им рекле дека не може да влезат бидејќи не се американски државјани, а немаат договор со британската влада“, изјави за „Телеграф“ братот на една од Британките заглавени на островот.
Британците се чувствуваат оставени сами на себе, не само од локалните власти, туку и од сопствената држава.
Откако конвојот не ги згрижил, тие се упатиле сами кон аеродромот каде ги чекало уште едно непријатно изненадување.
„Имаме летови само за Амриканци. Тие одлучуваат кого ќе прифатат. Не може да се качите во авионот ако не сте американски државјани“, им рекол холандскиот службеник на аеродромот.
Британците не се сами заглавени на аеродромот каде останале бидејќи нема каде да се вратат откако ураганот им го уништил хотелот каде престојуваат.
На аеродромот чека и семејство од Антигва чија петгодишна ќерка не смеела да се качи во авионот бидејќи нема американско државјанство како нејзините родители.