Нема да има широка коалиција по изборите, порача Груевски

од Vladimir Zorba

gruevski-vo-kocani

СДСМ здружувајќи се со некои подземни структури кај албанските радикали договорале полнење на кутии на изборите на 11 декември, рече Никола Груевски, лидерот на ВМРО-ДПМНЕ на денешниот митинг во Кочани на Kоалицијата за подобра Македонија.

– Сакам да им порачам да не си играат играчки, затоа што после ни цела албанска дијаспора, од цела Швајцарија, од цел свет нема да ги спаси од овој народ и од сите граѓани на Македонија. И од македонците, и од Албанците, и од Турците, и од Ромите, и од Бошњаците, и од Власите, и од Србите, и од сите останати – рече Груевски.

Претходно Коалицијата за подобра Македонија одржа митинг во Виница каде Груевски истакна дека победата на ВМРО-ДПМНЕ на 11 декември е загрантирана и дека по изборите нема да има широка коалиција.

-Разликата нема да биде 7-8 пратеници, ќе биде огромна победа, после која ќе им биде срам да помислат за широка коалиција. Нашиот народ тоа нема да го дозволи. СДСМ нема веќе да може да ја уназадува земјата. Широка коалиција на овој народ не му треба, па дури и да имаат исти број на гласови, а тоа нема да се случи. Нека си фантазираат, нека си ги лажат членовите – рече Груевски.

На присутните на митингот во Виница се обрати и Аксел Фишер од сестринската партија ЦДУ од Германија кој рече дека е таму да ја поддржи ВМРО-ДПМНЕ и нејзиниот лидер Никола Груевски.

Слични содржини