И покрај тоа што е предвидено дека после една година по стапувањето во сила на Законот за употреба на јазиците сите институции треба да донесат подзаконски акти за спроведување на Законот. Инспекторатот и Агенцијата за употреба на јазиците се уште не почнале да се конституираат, информира АлсатН. Од Владата велат дека нема да се вработи ниту еден нов вработен во овие две институции што ги предвидува Законот за јазиците, туку ќе се искористат постојните капацитети на јавната администрација.
И од страна на Секретаријатот за спроведување на Охридскиот договор се уште не почнале со избор на административци кои ќе се ангажираат во Агенцијата за јазиците. Оваа институција за време на викендот не успеа да обезбеди податоци за тоа колку вработени имаат посебни квалификации како лингвисти и преведувачи, квалификации кои ќе се користат во Агенцијата за преводи.
Универзитетскиот професор, Авзи Мустафа се сомнева во професионалната способност за превод и лекторирање што можат да го имаат овие вработени кои се очекуваат да се вклучат во оваа Агенција. Тој вели дека е неопходно сите кадри за превод да имаат интензивен курс на катедрите за албанологија.
Целиот текст можете да го прочитате тука