Неопределените нема да гласаат за осомничените од ВМРО-ДПМНЕ

од Vladimir Zorba

Осомничени лица во постапките на СЈО може да бидат кандидати на ВМРО-ДПМНЕ за претстојните избори, но неопределните гласачи нема да гласаат за нив, анализираат експерти за РСЕ.

91113ad0-0467-4c68-b4c7-dd608e65c9e8_cx0_cy2_cw0_w987_r1_s_r1
Тие очекуваат предизборни засилени напади против ова обвинителство.
Кривичниот суд се уште нема донесено одлука за барањето на Специјалното јавно обвинителство за одземање на пасошите на три осомничени лица и притвор за едно во случајот „Трезор“, како и за забраната за користење и располагање со трансакциската сметка на правното лице „Финзи“ ДООЕЛ Скопје.

Ова барање на СЈО е всушност од последниот случај и прв за економски криминал кој го отворија. Досега во повеќето предистражни постапки и во двете обвиненија што ги поведе обвинителството беа споменати имињата на Никола Груевски, Сашо Мијалков, Гордана Јанкулоска, Миле Јанакиески, Владимир Талески, сите од нив од потесното раководство на ВМРО-ДПМНЕ.

Истражувањата на СЈО сериозно влијаат врз рејтингот на владејачката партија, оценува професорот Никола Дујовски. Бидејќи нема правни пречки осомничени лица да бидат кандидати за избори може да се очекува ВМРО-ДПМНЕ да се одлучи да стави некои од нив на кандидатски листи за гласањето на 11 декември, додава тој.

„Токму тоа може да го направат, но ќе бидат голема грешка за ВМРО-ДПМНЕ, бидејќи нивните поддржувачи се нивни поддржувачи, а овие избори ќе ги решат неопределените гласачи кои што нема да прифатат обвинети или осомничени во најмала рака да бидат носители на високи државни функции во иднина“, вели Дујовски.

Целиот текст можете да го прочитате тука

Слични содржини