Неверојатен факт: Русија ги кредитира САД со 105,4 милијарди долари, а Кина со 1,2 трилиони долари

од desk4

Русија во август 2017 година ги зголеми своите инвестиции во американските државни обврзници за 2,3 милијарди долари. Вкупниот износ достигна 105,4 милијарди долари, покажуваат податоците на Министерството за финансии на САД, цитирани од Лента.ру.

Во споредба со август 2016 година, портфолиото на американски обврзници во сопственост на Руската Федерација се зголеми за 18 милијарди долари.

Русија моментално е на 14 место меѓу сопствениците на американските обврзници.

На листата во последните 10 години лидери се Кина и Јапонија, на кои САД им должат соодветно 1,2 и 1,1 трилиони долари. Кина направи голем удар во јуни оваа година, кога за 44,3 милијарди американски долари купи американските државни обврзници.

Ова беше најголемо купување во изминатите шест години, па така Кина ја надмина Јапонија на топ кредитори на САД.

Покрај овие земји на листата на најголемите кредитори на САД се Ирска, Бразил, Кајманските Острови, Швајцарија, Велика Британија, Луксембург, Хонг Конг и Тајван.

Слични содржини