112
И владејачкиот СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ не сакаат официјално да ја коментираат денешната изјава на претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Груевски, дека е подготвен да си поднесе оставка од позицијата прв човек на најголемата опозициска партија.
Генералниот секретар на СДСМ, Александар Кирацовски, за „Мета“ изјави дека партијата нема да ја коментира најавата.
– Неумесно е за нас да се мешаме во внатрепартиските работи на ВМРО-ДПМНЕ – изјави Кирацовски.
„Мета“ разговараше и со генералниот секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, кој рече дека партијата официјално нема никаков коментар за најавата од партискиот лидер и информираше дека деновиве ќе има официјално партиско соопштение на таа тема.