Црнатата статистика во Непал продолжува да станува се позастрашувачка .До моментов се изброени 3729 загинати , а повредените се 6944. Ова го соопшти на Твитер непалското Министерство за внатрешни работи. Штетите  се најголеми во Катманду .

20150427.uajvohzbtq

Таму досега загинале 808 лица, а беа повредени 2400. Во градот Бхактапур загинаа 232 и уште толку се повредени. При катастрофата загинале и двајца француски државјани и се  бараат уште 676 кои живеат на територијата на Непал.Според податоците на француските власти во регионот живеат близу 1.400 Французи.Бројот на жртвите од земјотресот во Непал може да достигне 5 илјади, а овој на повредените – околу 10 илјади, изјави регионалниот директор на Светската здравствена организација за Југоисточна Азија д-р Пунам Синг.

Синг стравува дека недостатокот на санитарни услови во реонот на катастрофата може да доведе до ширење на болести: “Во моментов работите се добро, испраќаме луѓето во болниците само за случаи поврзани со повреди. Но во наредните денови може да произлезат цревни нарушувања, бидејќи водата не е безбедна за пиење.Сметаме дека ако температурата во текот на ноќта надмине 20 степени, може да има и случаи на маларија “.

nepal-4-

Најмалку 25 лица загинаа во Тибет како резултат на земјотресот, соопштува кинеската агенција Ксинхуа. Бројот на настраданите достигна 117.

Околу десетина или повеќе алпинисти во Хималаите остануваат во неизвесност, изјави алпинист Џон Рајтер, кој успеал да се вовлече во Катманду. Според него, дел од луѓето се исчезнати во областа околу базниот камп и Камп 1. Рајтер рече дека оние кои се во главниот камп , по секоја веројатност ќе се обидат да слезат утре: “Се уште има луѓе во базниот камп. Тие ќе останат, бидејќи секој кој сака да слезе во Катманду токму сега, ќе види дека инфраструктурата тука е сериозно оштетена. Нема многу работи како вода, хотелски соби и др. Групите ќе почнат да слегуваат од базниот камп најверојатно утре “.

Земји од целиот свет почнаа да организираат спасување и хуманитарни групи, како и добротворни акции за помош на Непал. Јапонија ќе донира 6,7 милиони долари помош за настраданите. Според првичните информации , саботниот  земјотрес во Непал предизвика штета за над 5 милијарди долари. Спасувачките екипи се испратени од Европска унија, Кина, Русија и САД, а ОН и ветија  масовна хуманитарна операција за помош на настраданите. Европа ќе помогне со над 3 милиони евра за непалски власти. Илјадници Непалците почнаа да го напуштаат Катманду, уплашени од мноштвото потреси, недостигот на храна и вода. Сеуште нема контакт со некои од најпогодените зони во планинската страна. Голем дел од населението продолжува да спијат  под отворено небо, бидејќи куќите им се срамнети со земја или се плашат  да не бидат затрупани од секундарен земјотрес.

Слични содржини