Одбележана 15-годишнината од почетокот на војната на ОНА во Слупчане и прогласување на слободната Кардечка зона.

ona
За разлика од минатите години, посочува Алсат-М, кога функционерите на ДУИ биле добро пречекани од жителите на Слупчане, на оваа годишнина отсутвувале поголемиот дел од најважните кадри на партијата. Отсуството се припишува на незадоволството што се чувствува во селото од работата на ДУИ.
„Јас како поранешен припадник на ОНА не сум задоволрен од постигнувањата на албанската полтика во Македонија, особено за целите на војната, тие не се совпаѓаат со достигнувањата, целите беа сосема различни, а реалноста е горчлива.Особено најранливата категорија се поранешните војници на ОНА, не презираат, монтирани случаи, убиства, хаос..“, вели Вадедин Ибрахим-поранешен војник на ОНА во извештајот на новинарот на Алсат-М

Слични содржини