Османи: Имплентацијата на планот 3-6-9 води кон преговори за членство во ЕУ

од desk2
124 прегледи

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, во рамките на посетата Брисел, учествуваше на брифингот за политики на престижниот тинк тенк Европски центар за политика, посветен на Македонскиот План 3-6-9 како и на севкупниот процес на европско интегрирање на Република Македонија.

Во своето излагање, Вицепремиерот Османи пред присутните го образложи накусо Планот 3-6-9, неговата досегашна имплементација во делот три, но и подготовката за реализација на останатите делови, шест и девет. Во оваа насока Османи ги посочи реформите во судскиот систем, јавната администрација и службите за разузнавање, како носечки области во за кој Владата веќе изготви драфт стратегии и акциски планови, во кои се содржат сите забелешки сугестии и препораки кои доаѓаа од меѓународните партнери и релевантните институции.

„Планот три шест девет претставува единствена целина во која внимателно се собрани сите барања за реформи со цел неговата имплементација да има конечен исход по кој очекуваме преговори“.

Притоа, Османи посочи дека Планот се реализира во согласност со планираната рамка, така што делот 3 веќе е завршен и крунисан со одржувањето на локалните избори кои беа спроведени во фер и слободна атмостефа, и беа оценети како кредибилни од страна на сите релевантни домашни и меѓународни организации кои го следеа изборниот процес.

Вицепремиерот Османи, покрај заложбата на Владата за имплементација на неопходните реформите, даде осврт и на подготвеноста на Владата за храбри чекори и позитивен пристап при затворањето и на отворените политички прашања кои се во насока унапредување на процесот на европска интеграција на Република Македонија. Тој потенцираше дека сите реформи и активности се одвиваат во координација со меѓународните партнери, за што, како што кажа, веќе се добиени и позитивни сигнали од европските претставници.

„Наредната 2018 година очекувам да биде историска година за Македонија за придвижување на процесот на интеграција во ЕУ“, истакна Османи, додавајќи дека очекува овој моментум на оптимизам да биде искористен, а Македонија да не ја пропушти шансата да ги затвори прашањата за ЕУ и НАТО.

Слични содржини