160
Вицепремиерот за евроинтеграции, Бујар Османи во вечерашното гостување на телевизија Телма изјави дека во преговорите со Грција, тој, ниту никој од Владата нема да дозволи да биде загрозен идентитетот на како што рече, неговите сограѓани Македонци.
Османи откри и дека утре ќе оди на средба со претседателот Ѓорѓе Иванов за да му го презентира напредокот во планот 3-6-9.
-За Македонија да оди напред, многу се вложувам во оваа моја иницијатива за консензус по ова прашање. Да заборавиме на партиската обоеност, рече Османи.