Османи: По изборите Владата е целосно посветена на реформите

од desk2
111 прегледи

Заменик Претседателот на Владата задолжен за европски прашања, Бујар Османи, задно со Министерот за надворешни работи, Никола Димитров, ја започнаа дводневната посета на Брисел со работен појадок со Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија, каде реферираа за напредокот на Република Македонија во евроинтегративните процеси.

 

Османи ги претстави резултатите и постигнувањата при имплементацијата на делот 3 од Планот 3-6-9 .

„Фокусот на мерките и активностите од првиот дел од Планот – делот три, беше создавањето услови и одржувањето беспрекорни избори, нешто во што успеавме и што беше потврдено од страна на сите релевантни домашни и меѓународни организации кои ги следа изборите“, изјави Османи.

Тој зборуваше за областите на кој се фокусирани најголемиот дел од реформите, потенцирајќи ги реформите во судството, разузнавачките служби, јавната администрација, ако и останатите области како борбата против корупцијата, условите за работа на медиумите, реформите во полицијата, во кои области, информираше Османи, постои напредок во подготовката на Стратегии и акциски планови кои набрзо ќе бидат објавени на јавноста и имплементирани.

„По изборите, Владата повторно агресивно се посвети на реформите и дооформување на Планот 3-6-9, кој, во себе ќе ги содржи сите препораки и забелешки од релевантните извештаи и од нашите меѓународни пријатели, затоа што наша цел е, по неговата имплементација да не следи нов дел 12, туку отпочнување преговори“, изјави Османи на средбата

Османи и Димитров реферираа и за напредокот во затворањето и на политичките прашања. Тие информираа за текот на процесот околу законот за употреба на јазици, за кој се очекува набрзо да биде изгласан во Собранието, но и за напредокот во добрососедските односи, потенцирајќи го договорот со Бугарија, како и напредокот во односите со Грција кои се движат во нагорна линија.

Во рамките на посетата, на агендата на Османи и Димитров се и средбите со Еврокомесарот за проширување и соседска политика Јоханес Хан, пота, Потпретседателката и Висока претставничка за надворешна и безбедносна политика Фредерика Могерини.

Слични содржини