Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев во емисијата „Куќа на фудбалот“ меѓу другото се осврна на состојбата во македонската репрезентација и случувањата во изминатиот период.61068-pandev-se-vrakja-vo-a-timot-ama-dur-zaigra-kje-pochekame

Според него најголемите проблеми во националниот тим се поранешните селектори и бивши фудбалери кои шират негативна енергија, а не се посветуваат на напредок на македонскиот фудбал.

– Поранешни селектори и фудбалери се најголемите виновници што на нашите натпревари нема ниту две илјади гледачи. Најголем проблем кај нас се некои поранешни селектори и поранешни фудбалери. Оваа негативна енергија што ја направија околу репрезентацијата е од Џиџи, Јонуз, и многу други кои почнаа да се занимаваат со менаџерски работи. Доста е од Јонуз, Џиџи, Драган Томовски, Ангел Бунгуров…. Треба да дојдат нови лица, како Игор Митревски, Николче Новески, Баевски, бидејќи фудбалот не е ист со оној од пред 10-20 години. Фудбалот оди напред, истакна Пандев.

Македонскиот капитен го посочи поранешниот селектор Мирсад Јонуз дека барал од него да не се враќа во „црвено-жолтиот“ дрес.

– Јонуз беше кај мене во Џенова и негов став беше дека сега не е време да се вратам во репрезентацијата и дека јас треба да бидам следен претседател на ФФМ. Тоа не е моја желба и јас нема никогаш да бидам претседател на федерацијата. Мене никој не може да ми каже да не играм за Македонија, потенцира Пандев./МИА

Слични содржини