Белгискиот суд издаде европска и меѓународна потерница по 30 годишен маж-Мохамед Абрини, поврзан со терористичките напади во Париз.

_86854055_mohamed_abrini_01

Обвинителите изјавија дека два дена пред нападите, Абрини бил виден во возило заедно со осомничениот Салах Абдеслам на бензинска пумпа во близина на Париз.

Реното Клио подоцна беше употребено во нападите.

Салах Абдеслам во моментов е најбараниот терорист во светоѕт, по нападите во Париз во кои беа убиени 130 луѓе.

Белгиските истражни органи исто така објавија дека идентификувале двајца други мажи кои се во притвор.

Тие се осомничени за соучесништво во активности со терористичката група.

Слични содржини