Перез: Ла Лига нема да биде иста без Барселона

од desk4

Претседателот на Реал Мадрид, Флорентино Перез, изјави дека е против, Примера да остане без Барселона.

Таква можност постои при евентуално прогласување независност на Каталонија.

– Не можам да ја замислам Примера без Каталонија и без Барселона, истакна Перез и се осврна на резултатите на Реал од почетокот на сезоната.

Можеби сме повеќе фокусирани на освојување титули од европска сцена. Ние се опуштивме малку во домашното првенство и тоа резултираше со лоши резултати, додаде превиот човек на актуелниот шпански и европски шампион.

– На никој не му се допаѓа падот, но не е можно да се игра на високо ниво секоја недела, заклучи Перез.

Реал Мадрид по осум рунди заостанува пет бода зад лидерот Барселона во Примера.

Слични содржини