Во чест на трагично загинатитот претседател Борис Трајковски, дваесетина планинари од Југоисточна македонија по единаесетти пат тргнаа од Струмица кон Скопје за да му оддадат почит на претседателот на вечното почивалиште во Бутел.

planinarski-mars

Патеката од 200 километри планираат да ја поминат во четири етапи на кои очекуваат да им се придружат и други планинари почитувачи на ликот и делото на претседателот Трајковски.

Планинарскиот марш е во организација на клубот Ентузијаст од Струмица кој викендов го реализираше искачување и највисокиот врв на Беласица именуван по Трајковски
Борис Трајковски загина на 26 февруари 2004 во авионска несреќа кај Мостар. Струмичани во чест на својот сограѓанин и претседател во големиот градски парк подигнаа споменик насловен Македонија.

Слични содржини