Икер Касиљас и Реал Мадрид ќе се разделат наредната недела, соопштува шпанската телевизија ТВЕ. Според телевизијата двете страни веќе го постигнале договорот. Заменикот на Касиљас ќе биде Давид де Хеа од Манчестер Јунајтед.

kasiljas

Касиљас целата кариера ја помина во Реал, во клубот е веќе 25 години, од кои 16 во првиот тим. Решението да напушти дошло откако му било потврдено дека Давид ќе се присоедини на тимот и ќе биде прв избор на селекторот.

За Касиљас има интерес од неколку тима, меѓу кои и турскиот Фенербахче. За 16-те сезони во дресот на Реал, Касиљас три пати ја освои Лигата на шампионите, пет пати Премиер дивизион, два пати Кралскиот куп, четири пати Суперкупот на Шпанија. Два пати Суперкупот на Европа и по еднаш Интерконтиненталниот куп и Светското клупско првенство.

Слични содржини