Времето денеска во Македонија ќе биде сончево со мала до умерена облачност. Кон крајот на денот нашето подрачје ќе потпадне под влијание на влажна и нестабилна воздушна маса од Медитеранот. Во вечерните и ноќните часови ќе има нестабилна облачност со поројни врнежи од дожд грмежи и засилен ветер. Локално се очекува процесите да бидат поинтензивни со обилен пороен дожд (над 25 л/м2 воден талог).

ветер и дожд

Максималната дневна температура во Охрид ќе достигне до 22 степени Целзиусови.

Во петок се очекува променливо и нестабилно облачно, со поројни врнежи од дожд, грмежи и засилен ветер кои локално се очекува да бидат обилни, особено во југоисточните делови и проследени со град. Во сабота ќе настапи стабилизиација на времето, а веќе во недела во попладневните часови се очекуваат нови врнежи но со слаб интензитет, информираат од УХМР Македонија

Слични содржини