Поплавени подруми и гаражи во Општина Карпош

од Vladimir Zorba

Единицата за заштита и спасување при Општина Карпош, измината ноќ интервенирале на повеќе места каде имало дојави од граѓаните за поплавени подруми и гаражи како последица на невремето.

104695455 (1)

Како што соопштија од општината, во текот на ноќта е интервенирано на улицата Лондонска каде имаше поплавена гаража со возило и мотоцикл, потоа на улицата Хелсинки каде беа поплавени три подруми, на улицата Јуриј Гагарин каде беа поплавени два подруми и на улицата Кораб каде беше поплавен подрум од зграда.

Екипата на Општина Карпош, со три мотори за вода ја испумпуваше водата од поројните дождови со цел да ја санира штетата што ја предивика големото невреме, информираат од општината.

Слични содржини