Германците го губат трпението кон Грција по долготрајната веќе петта година спор за долговите , а  повеќе од половина сметаат дека таа треба да ја напушти еврозоната, покажа анкета на телевизија ZDF, цитирано во петокот.

zx450y250_2552295Анкетата на Politbarometer покажува остар пресврт во последните месеци – слична анкета во јануари покажа дека не повеќе од една третина од Германците би сакале Грција да излезе од клубот на единствената валута,  против беа  55%, и  претпочитаа таа да остане во него. Денес 51% веќе не сакаат да се во еврозоната со Грците, а 70 % се категорично против тоа да се прават повеќе отстапки од страна на ЕУ.

Канцеларката Ангела Меркел ги повика во петокот Грција и доверителите  да продолжат со напорите за договор за излез и   реформи.Ова се случи откако Атина одби повеќе да попушта, делегацијата на ММФ ги напушти преговорите, а Грците го обвинија Фондот во изнудување. Власта на радикалната левица во Атина не ги освои симпатии и од крајната левица во Германија. Пратеничката Зара Вагенкнехт од поранешните комунисти, рече дека нејзината земја  доволно долго е залагаше за  спасувањето на Грција и е време за враќање на драхмата, но поддржана од ЕЦБ, за  да не девалвира повеќе од 30% и целата држава да колабира.

Слични содржини