ФИТР – Нов повик „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”

од Milan1

Фондот за иновации и технолошки развој објави нов повик за Инструментот за финансиска поддршка „Кофинансирани грантови за комерцијализација на иновации”.

Преку овој инструмент Фондот за иновации и технолошки развој обезбедува финансиска поддршка во максимален износ од 20.000.000,00 (дваесет милиони) денари и тоа:

– за претпријатија чиј просечен број на вработени е до 50 (педесет) вработени и чиј годишен приход во последните две години е помал од 2.000.000,00 (два милиони) евра,

– финансирање до 70% од вкупниот буџет на проект, односно за претпријатија чиј просечен број на вработени е од 50 (педесет) до 250 (двестотини и педесет) и чиј годишен приход во последните две години е поголем од 2.000.000,00 (два милиони) евра, а помал од 10.000.000,00 (десет милиони) евра,

– финансирање до 60% од вкупниот буџет на проектот.

Крајниот рок за доставување на апликациите е 04.06.2024 година, до 14.00 часот.

Слични содржини