Идентификуван  е осомничен за самоубистввениот  напад , при што загинаа 32-ца млади социјалистички активисти во турскиот град Суруч, кој се наоѓа во близина на границата со Сирија. Повредени беа над 100 лица.

430x243
Ова го објави турскиот премиер Ахмет Давутоглу, цитиран од светските новински агенции. Давутоглу додаде дека се испитуваат меѓународните и внатрешните врски на осомничениот. Има “голема веројатност” “Исламска држава” да е одговорен за крвавата бања , уште еднаш истакна турскиот премиер.  Владата веќе вети дека ќе ја зајакне безбедноста на сириската граница.

“Ова е напад чија цел беше Турција “, убеден е Давутоглу.

Тој ги отфрли тврдењата дека владејачката Партија на правдата и развојот не е направено доволно за борбата против екстремистите од “Исламска држава”, нагласувајќи дека Владата “никогаш не толерирала која и да е терористичка група”.

На седница на владата во среда ќе бидат разгледани додатни  мерки за безбедност на границата со Сирија.

Во меѓувреме турски медиуми објавија дека жена камикази , која поминала во Турција минатиот месец,го  раководеше крвавиот напад во Сурук , објавија  турски медиуми.

Една од трите жени, членки на “Исламска држава”, кои влегле во Турција да извршат самоубиствени напади, може да е една од извршителките на нападот.

Во јуни турското разузнавање предупреди дека трите џихад можат да извршат самоубиствен напад во Турција.

Слични содржини