110
За претседателот на САД, Доналд Трамп денуклеаризацијата на Корејскиот Полуостров е приоритет, но преговори со Пјонгјанг во моментот не се во фокусот на Белата куќа.
– Ние продолжуваме да се залагаме за побезбеден и денуклеаризиран Корејски Полуостров и тоа е приоритет, изјави портпаролката на Белата куќа, Сара Сандерс.
Таа потенцира дека „сите опции се на маса“ кога станува збор за Северна Кореја, вклучително и дипломатски и економски мерки, но додаде дека преговори со Пјонгјанг во моментот не се во фокусот на Белата куќа.