Премиерот Заев во своето прво обраќање изјави дека ќе бара поддршка од сите

од Vladimir Zorba

По положената заклетва, новиот премиер Зоран Заев, ја даде првата изјава во која ја честиташе новата влада и порача дека за реформските процеси ќе бара поддршка од сите.

„Дозволете од мое име и од име на целиот кабинет да ја честитам новата реформска влада, да го вратиме животот во Македонија. Верувам дека сите заедно ќе работиме за Македонија и за сите граѓани. Среќно Македонијо! Убеден сум дека сите заедно ќе соработуваме за интересите на сите граѓани. Имам потреба за поддршка од опозицијата заради реформи во полза на за сите граѓани“, рече Заев.

Тој додаде дека ќе работи на добивање поддршка од опозицијата и ќе има разбирање за нивните ставови и сугестии со цел да ги вградат во добри решенија. Најави дека следуваат реформи, а во однос на прашањето за името кажа дека ќе се води политика на зближување, а не на провокација и разделување.

Слични содржини