Ситуацијата на турската граница станува очајна откако илјадници Сиријци бегаат од новата офанзива која се врши со поддршка на Русија во градот Алепо. Заради затворањето на граничниот премин во Килис, многу бегалци се принудени да живеат во шатори и да чекаат.

download (25)

На калливата, влажна земја при темпераури под нулата, илјадници бегалци спијат под отворено небо или во џамии.

Безбедната Турција е само на километар оддалеченост, но сириските бегалци, кои избегале од посотјаните руски воздушни напади, сега дознаваат дека границата е затворена и живеат во шатори.

Изложени на ветрови и дожд, мажите во една група, а жените во друга, семејства наоѓаат засолниште под дрва до утро, а децата ги завиткуваат во алишта за да им е топло.

– Луѓето тука ги имааат само алиштата кои ги носат на себе. Повеќето од нив дури немаат ниту чанти. Тие едноставно избегале со тоа што го имаа на себе, вели Анас ал Хатиб, 20-годишен Сириец кој се надева дека турските власти ќе ја сменат својата одлука и ќе ги пуштат.

ОН заклучи дека околу 30 илјади лица се на границата и во соседните градови контролирани од бунтовниците и бегаат од новата офанзива на сириската влада поддржана од руската авијација.

Турција достави хуманитарна помош, вклучувајќи и шатори, топла храна и вода, а тоа е спас за дестиците илјади луѓе. Но, тоа не е доволно и се случуваат тепачки за леб.

Ал Хатиб го вратил семејството во неговото село и покрај ризикот од воздушни удари, затоа што претпочита тие да спијат дома наместо да се смрзнуваат на студот.

– Хуманитарната ситуација тука е трагична, вели Ал Хатиб. – Луѓето не се чувствуваат безбедно на границата. Тука е опасно. Луѓето живеат во страв, рече тој.

Бегалците стравуваат од нови бомбардирања и нападите од владините сили на запад и од евентуално напредување на исток на екстремистите од Исламска држава, кои Сиријците ги нарекуваат Даеш (арапски акроним за ИД).

Тие се чувствуваат притиснати меѓу две армии и напуштени од нивните сојузници, меѓу кои и Турција и Европа.

Постои чувтсво на очај, откако мировните преговори во Женева овој месец не доведоа до никаков напредок. Опозицијата бараше ставање крај на воздушните напади како еден од условите за нивно учество.

Наместо тоа, бомбардирањата од руските и сириските владини сили само се заслилија, помаѓајќи им на копнените сили да за заземат територијата од бунтовниците и потоа преговорите пропаднаа.

– Нашите пријатели не предадоа. Сакаме да биде најдено решение за излез од оваа војна. Европејците и Американците испраќаат храна и шатори, но тоа не е сериозна помош од која имаме потреба, вели Махмуд, чија куќа била урната во воздушните напади пред две недели.

Тој илегално преминал во Турција минатата недела заедно со мајка му, сопругата и четиримесечното бебе Амина, која стенка и плаче додека мајка и ја облекува. Шверцерите со луѓе им побарале 500 долари за да ги однесат по околните патишта од Алепо, но дури и тие патишта во моментов се целосно затворени.

– Секој ден има различни експлозии. Стотици секој ден. Воздушни напади, касетни бомби, минофрлачки гранати, бомби, вели тој додека се потсетува за последните денови во селото.

Во самиот град Алепо илјадници луѓе се подготвуваат да бегаат, но десетици илјади остануваат иако се плашат дека деловите контролирани од бунтовниците наскоро ќе бидат окупирани.

Ако граничните премини кон Турција бидат отворени, уште многу ијлади луѓе може да тргнат кон границата. Луѓето со симпатии се настроени кон Турција, која веќе прими над два милиони Сиријци. Има се повеќе барања кон Европа да стори повеќе во таа ситуација.

– Мислам дека Европа треба да ги отвори границите за нас, тоа ќе помогне. Затоа што Турција не може да не прими сите. Има многу бегалци, вели Махмуд.

Тој во моментов е на сигурно место во Турција, но чуствува вина заради тоа што ја напуштил својата татковина.

– На крај, ако секој ја напушти земјата, таа ќе биде оставена на Даеш, вели тој.

ДПА – Хамбург

Слични содржини