Претседателката на Врховниот суд, Лидија Неделкова: Нема законска ниту уставна можност за специјален суд

од Vladimir Zorba

Нема законски ниту уставни можности за формирање посебен суд, и Врховниот нема да го формира- посочи на средбата со новинарите, претседателката на Врховниот суд Лидија Неделкова. Иако е на крајот од својот мандат, средбата ја иницирала, вели, за поголема транспарентност на Врховниот суд пред јавноста, пренесува МТВ.

vrhoven%20nedelkova[1]

Ниту законите ниту Уставот не овозможуваат да се формира посебен суд или да се делегираат специјални судии за предметите на Специјалното јавно обвинителство, посочи претседателката на Врховниот суд, Неделкова. Според првиот судија на Врховен, судиите се доволно едуцирани за да си ја вршат својата работа.

Освен тоа Неделкова смета дека судиите не смее да се делат на лоши и добри, дека едни не работат според законите други работат, па ќе бидат специјални. Доколку судиите погрешат имаат право на корекција. Врховниот суд нема да формира специјален суд.

 Судовите располагаат со број на судии и секој прави распоред на предметите, па и на оние од Специјалното обвинителство, уверува Неделкова. Со ова претседателката на Врховен ги отфрли информациите дека Врхвниот суд е вклучен во изборот на специјалните судии, што следуваа по нејзината средба со американскиот амбасадор во земјава, Бејли. Средбата била, вели Неделкова, само една од многуте редовни со странските амбасадори за да се запознаат со состојбите во судството.

Неодамна Судскиот совет избра четири судии за врховни. Но, Неделкова смета дека покрај пополнувањето на испразнетите судски места, Врховниот суд и за 2016 година ќе биде оценет како неажурен, зашто со четворицата нови судии, Врховниот суд ќе брои 22 судии, иако во согласност со одлука на Судскиот совет на Република Македонија предвидени се 25 судиски места.

Слични содржини