Протест- Јас сум лекарот….. Пукајте!

од Vladimir Zorba
100 прегледи

Колегите на лекарот Љубомир Огненовиќ денеска  го изразија протестот за ваквиот однос спрема лекарите со неодамнешното пукање на пациент врз лекар.

lekari-protest

Лекарите носат мети и транспаренти „Закон за лекарска дејност“ и „Јас сум Љубомир Огненовиќ“. Медицинарите  во дворот на Клиничкиот центар се собираат и бараат итно да се донесе Закон за лекарска дејност со кој ќе биде заштитена оваа фела, и воедно го креваат гласот против деградирањето на нивната професија.

Тие протестираат, за да го искажат својот револт од понеделничките случувања, кога хирург беше застрелан од роднина на пациентката која почина по извршената операција на Клиниката за дигестивна хирургија .

 

 

Слични содржини