Прва средба на Мицкоски и Ахмети

од Vladimir Zorba

Средбата траела 2 часа и не биле само запознавања, главна тема законот за јазици.

Со Али Ахмети имавме конструктивна средба, на која што разговаравме за актуелните политички и економски прашања. Се надевам дека во иднина ваквите средби ќе станат почести, изјави лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски по средбата со претседателот на ДУИ, Али Ахмети – пренесува „А1 он“.

– Ние сме ориентирани кон ЕУ и НАТО интеграциите и ќе придонесеме кон поквалитетни реформи, рече Мицкоски.

Во врска со Законот за употреба на јазиците, Мицкоски истакна дека ова не биле преговори, туку само ги аргументирале позициите.

– Поради математички и политички причини не можеме да учествуваме во работата на Собранието. Математичката е поради тоа што 12 отсто од пратениците ни се во притвор, а политичката е поради сериозното нарушување на демократскиот амбиент во Македонија, рече Мицкоски.

Ахмети истакнал дека зборувале за актуелните ссостојби  во државата, и дека целта било да му ја честита новата лидерска позиција на Мицковски.

Слични содржини