zivko-mitrevski
Организацијата на работодавачи на Македонија и Сојузот на синдикатите на Македонија денеска отпочнаа разговори за измени и дополнување на Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството во делот на утврдување модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор.

– Од страна на социјалните партнери беа презентирани ставовите за повеќе прашања од кои и за регресот за годишниот одмор. Ставовите беа насочени кон прашањата за начинот и висината на исплатата на регресот за годишен одмор врз основа на анализата која ја презентираа социјалните партнери, се вели во денешното соопштение од Организацијата на работодавачите на Македонија.

Социјалните партнери се договориле да продолжат разговорите со цел да се утврдат модалитетите, начинот и висината за исплата на регрес за годишен одмор. /МИА

Слични содржини