Реал одби 60 милиони евра за свој напаѓач

од desk3

Раководството на Реал Мадрид ја отфрли понудата на Манчестер Јунајтед за Алваро Моратa, пишува Sky Italia. Според информациите на весникот, “белите” не ги прифатиле предложените60 милиони евра.

Ако Манчестер Јунајтед понудат 90 милиони евра за Мората, Реал ќе прифатат. Исто така опција е и замена со голманот на “Црвените ѓаволи” Давид де Геа. Да потсетиме Мората се врати на “Сантијаго Бернабеу” минатото лето после одиграни две сезони во Јувентус каде што постигна 15 голови во 26 натпревари.

Слични содржини