Реформи во образование – ќе се намалува бројот на предмети, ќе се скратат и студиските програми

од desk4

Учениците се преооптоварени со многу предмети а добиваат мало знаење. Образовниот систем претрпе експерименти на сметка на квалитетот. Затоа се потребни итни реформи-ова се дел од пораките кои ги испрати премиерот Зоран Заев на конференцијата за образование во организација на Уницеф. Тој рече дека со законски измени ќе се прави ревизија на наставните планови и програми, а веќе е започната ревизија на учебниците, информира ТВ24.

„Планираме да го намалиме бројот на предмети во училиштата. Се фокусираме кон квалитетно средно стручно образование, повеќе пракса, за подобри основи на знаењето. Не сите ученици сакаат да продолжат со високо образование. Во високото образование, размислуваме да има и пократки студиски програми, од 3 години.“ – изјави премиерот Заев

Министерката за образование и наука Рената Тренеска Десковска истакна дека наскоро на јавна дебата ќе биде ставен материјалот за реформи во првите три одделенија од основното образование.

Целта е да се понуди образование што ќе биде прифатено од децата и коешто ќе им понуди квалитетно образование особено во делот на јазичната и математичката писменост каде што Македонија е всушност и најслабо рангирана. Оценување на она што ќе значи суштинско знаење, извлекување заклучоци, она што ќе значи трајно знаење.“ – изјави Десковска.

Според претставникот на УНИЦЕФ, Бенџамин Перкс реформите во образовниот сектор не значат премин од една статична положба во друга, туку постојан и континуиран напор на пeдагогијата да остане во чекор со промените.

Слични содржини