Според најновата анкета на агенцијата „Рејтинг“ разликата помеѓу ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ е 1,4 процентни поени. Според испитувањето најмалку шест партии ќе имаат мандати.
ВМРО-ДПМНЕ 29,9%, СДСМ 28,5%, ДУИ 6,8%, ВМРО за Македонија 3,3%, Беса 3,2, ДПА 2,8, Калиција Алијанса за Албанците 2,7, Левица 1%, Либерална партија 0,9%, Коалиција за промени и правда 0,2%.
Анкетата е теренска, и на репрезентативен примерок од 1200 испитаници, или по 200 испитаници на секоја изборна единица. Според испитувањето, 55,2 проценти ја поддржуваат работата на СЈО, додека процентот на тие што не ја поддржуваат е 33,1%.
На прашањето кој прислушувал, 48,7% одговориле дека тоа го правеле домашни служби за потребите на власта, а 27,1 дека го правеле странски служби.
Невработеноста, ниските плати, коруцијата и криминал се најгорливи проблеми за граѓаните според истражувањето. Проблем според граѓаните е и иселувањето поради лошите услови во Македонија. Само два проценти од граѓаните сметаат дека спорот за името со Грција е најважниот проблем во земјава.
На прашањето која партија би го решила проблемот, би ги решил проблемите, за ВМРО-ДПМНЕ се одлучиле 33,9 %, за СДСМ 31,5% а за “ ВМРО за Македонија“4,3%.
Федерализацијата не е проблем за која граѓаните реагираат, наметната како главна тема на кампањата на ВМРО-ДПМНЕ.
Анкетата е направена во периодот од 24 ноември до 30 ноември за потребите на телевизијата 24 вести.