Роналдо планира професионално да игра фудбал уште десетина години

од desk3

Ѕвездата на Реал Мадрид, Кристијано Роналдо верува дека, иако има 31 години, професионално ќе игра фудбал уште десетина година, бидејќи смета дека има сила за тоа.

ronaldo

– Животот не е само фудбал. Иако ова е мојата најголема страст, морам да почнам да размислувам за иднината. Јас немам уште многу години кариера, можеби околу десет години или нешто помалку, така што размислувам за иднината, рече португалскиот играч на отворањето на својот нов хотели во Лисабон „Pestana CR7“.

Досега во својата кариера Кристијано играл за Спортинг Лисабон, Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид, кој во моментов е член.
Во својата кариера, меѓу другото, ја освои англиската Премиер Лигата три пати, еднаш шпанската Примера, три пати Лигата на шампионите, а летоска тој стана европски шампион со репрезентацијата на Португалија./МИА

Слични содржини