Русија, Грција Србија и Албанија меѓу финалистите на Евровизија, Ермeнците пак се пласираа со песна за геноцидот, а лисјата на Кајмакоски не поминаа. Кои беа пораките?

0000264052-article2
Десет земји се пласираа во финалето на пеење натпревар Евровизија ,  на првиата полуфинална натпреварувачка м вечер, пренесоа агенциите.

Тоа се Русија, Естонија, Грција, Унгарија, Романија, Грузија, Србија, Ерменија, Албанија и Белгија. Вториот полуфинале е утре, а финалето на 23 мај.

Тогаш кон вкупно 20-те финалисти ќе пристапат и членовите на големата петорка – Германија, Велика Британија, Франција, Шпанија и Италија, плус Австрија и земјата специјален гостин Австралија, кои не поминуваат низ фази на квалификациите.

Eurovision 2015:Macedony: Live

На првото полуфинале вчера имачше песни со силни пораки. Ерменската група Генеалогија запеа  потсетувајќи на  ерменскиот геноцид пред 100 години, посочуваат агенциите. Русинката Полина Гагарин испеа песна за мирот.Нашиот  Кајмакоски со неговата тажалка за љубовта и лисјата есенски, а нај ентузијастички аплауз имаше за српската пејачка Бојана Стаменов, чија песна беше послание против стереотипите на телото и на половите. Белгиската изведувачка Лоис Ноте испеа песна за толератността. Романската поп бенд Напон пак раскажа со песната за тешко судбина на деца, напуштени од родителите во Романија, тргнале да бараат среќа и пари на Запад.  Како и да е Македонија нес е пласираше за финалната вечер и тоа трета година по ред, што очигледно е добар знак дека нешто, освен пејачите,  сепак ќе треба да се менува.

Слични содржини