На прашањето како гледа администрацијата на САД на заострувањето на политичката криза во Македонија што предизвика масовни провладини и антивладини демонстрации, Елизабет Трудо, директотката на Канцеларијата за печат на Стејт департметот изјави:

„Ние и Европската Унија ја искажавме нашата загриженост за важноста од веродостојни избори во Македонија. Времето е кусо. Остана уште многу да се направи“. На редоведовниот прес брифинг во Стејт Департментот таа се повика на претходните официјални изјави на претставници на САД и рече:

„Силно бараме од претседателот Иванов да ја повлече одлуката и да им дозволи на Специјалното обвинителство и на судовите да си ја вршат својата работа“.

Светска банка со стопирање на кредитите за Македонија

Повеќе светски медиуми откако стана јасно дека ќе пропадне состанокот на лидерската четворка во Виена, веќе неколку дена пишуваат дека ЕУ разгледува воведување санкции против водечки членови на владејачката партија ВМРО-ДПМНЕ, вклучувајќи и забрани за патување и замрзнување на имотот. Таква одлука се уште не е донесена, но стои како опција. Сите 28 земји членки на ЕУ ќе мора едногласно да се согласат за таквите мерки.

Фајненшл тајмс: Македонски политичари да бидат ставени на црната Шенген листа

Неофицијално, и бордот на директори на Светска банка решил да го запре процесот на кредитирање за подобрување на општинските услуги во Македонија сѐ додека не се одржат кредибилни избори во земјата. Во втората фаза од оваа програма за изградба и доградба на локални патишта, канализациони мрежи и друга инфраструктура биле вклучени 57 општини од Македонија.

Најсилната осуда од САД стигна минатата недела веднаш откако Иванов ја објави аболицијата за политичари. Даниел Бер, амбасадорот на САД во Постојаниот совет на ОБСЕ во Виена тогаш прорача дека „одлуката на претседателот Иванов сериозно ја доведува во прашање способноста на земјата да одржи веродостојни избори на 5 јуни, чиј оригинален датум веќе беше одложен“.

 

Слични содржини