Шефовите на дипломатиите на Европската Унија на состанок оваа недела дискутирале  македонски политичари да бидат ставени на црната Шенген листа, што значи забрана за патувања, но конечна одлука уште не е донесена, пишува Фајненшл тајмс. Весникот наведува и дека Брисел размислува за овие санкции да ги воведе против раководството на ВМРО-ДПМНЕ, заедно со замрзнување на евроатлантските интеграции. Овие мерки се по примерот на првата фаза санкции што Европската Унија го донесе за украинскиот претседател Јанукович, пренесува Телма

новит

Ретроградни чекори  за Македонија вчера најави и еврокомесарот Јоханес Хан заедно со европратениците Ховит, Вајгл и Кукан по откажувањето на лидерската средба во Виена. Меѓутоа тие се уште се надеваат дека со заканата од санкции се уште може да се спаси Договорот од Пржино.

– Ако тоа се случи, ако бидат воведени санкции од ЕУ против македонски политичари, што говори тоа за состојбата со демократијата во земјата? Помислете за други земји во светот против кои Европа била принудена да воведе санкции?  Можеби сериозноста на тоа прашање кај луѓето може да предизвика промена во оваа фаза на развој на земјата, изјави за Телма Ричард Ховит, европратеник.

За воведување на санкциите ќе треба да се изјаснат едногласно сите земји членки на ЕУ. Во меѓувреме земјата може да биде турната во целосна меѓународна изолација. Фајненшл тајмс пишува дека освен одземање на препораката за почеток на преговори со Европската Унија,  Брисел може да не ја покани Македонија ниту на самитот на НАТО. Ховит вели дека Македонија е веќе изолирана и можен да стане уште полошо.

Има култура на одлагања, фрустрации, несогласувања. Но знаеме, сега е момент на длабока криза. Се надевам дека земјата ќе се повлече од работ. Повикуваме на мирна разврска и бараме одговор, смета Ховит.

Фајненшл тајмс пишува дека ВМРО-ДПМНЕ ги одолговлекува подготвките за избори. Сепак, според европски претставници хипотетички уште е можно да се одржат избори на 5 јуни во случај претседателот Иванов да ја повлече одлуката за амнестија која практично го шокираше Брисел. За тоа е потребна политичка волја, а не барање на законска рамка, вели европратеникот Ховит. Претседателот Иванов вчера соопшти дека нема намера да ја повлече одлуката за амнестија.     Извор Телма

Слични содржини