logo_sdsm

Граѓаните на Македонија секојдневно дишат отров наместо чист воздух, што предизвикува штетни последици по нивното здравје.

Мерните станици континуирано, со денови и недели покажуваат огромна загаденост на воздухот во Македонија, како во вечерните така и во утринските часови.

Во Центар загадувањето е 7 пати повисоко од максимум дозволеното количество на ПМ10 честички, во Карпош 4 пати, во Гази Баба 6 пати, а во Лисиче 9 пати над дозволеното.

Во Тетово е 9 пати над дозволеното, а загадувањето во Битола е 8 пати над максимум дозволеното.

Здравјето на граѓаните нема никакво значење за власта на ВМРО ДПМНЕ.

Недозволиво, неодговорно и срамно е да се игнорира вака значајна тема директно поврзана со здравјето на граѓаните.

Наместо да го решат проблемот со загадувањето, Груевски и фамилијата изминатите години ги решаваа своите бизнис интереси.

Тие се збогатија со пари од граѓаните што требаше да бидат употребени за заштита на нивното здравје и нивните животи, затоа што тоа се нивни пари.

Загадувањето е последица на погрешните политики на Никола Груевски којшто мислеше само на провизиите од тендерите, парцелите на Водно, мерцедесот од 600 илјади евра и богатењето на фамилијата.

Фамилијарно-тендерските „политики“ на Никола Груевски и ВМРО-ДПМНЕ го уништуваат здравјето на граѓаните.

Затоа заврши времето на Никола Груевски. И затоа завршува времето на ВМРО-ДПМНЕ.

 

Слични содржини