Неколку медиуми објавија ново видео кое “некако” се нашло на ЈуТјуб сервисот, а е снимано во кабинетот на премиерот Никола Груевски во кое тој разговара со лидерот на опозицијата Зоран Заев за изборните процеси.

20762golema

Во видеото, Заев и Груевски наводно разговараат за изборните процеси, а Заев вели дека и да биле легални изборите, СДСМ повторно ќе изгубел..

Веднаш по видеото, реагираше опозициската СДСМ, во која се вели Груевски правел ново кривично дело со тоа што преку Интернет пуштал во јавност видео снимки од тет а тет разговори, за коишто самиот рече дека се направени под посебни истражни мерки на негово барање.

– Во обид да ја заштити сопствената кожа, Груевски, прави ново кривично дело, со тоа што преку сервисот Ју Тјуб пушта во јавност видео снимки од тет а тет разговори во неговиот кабинет, за коишто самиот, пред некој ден рече дека се направени со посебни истражни мерки, на негово барање – се наведува во реакцијата на СДСМ.

Слични содржини