На Ју тјуб се појави ВИДЕО , наводно од кривичниот процес против Заев покренат од МВР за наводното земање на  мито за продажба на општинско зејмиште.  МВР му ја поднесе кривичната кога Заев ги објавуваше бомбите во Универзалната сала.  Тогаш МВР соопшти дека во периодот од месец ноември 2013 година до денес, во својство на службено лице Градоначалник на Општина Струмица, на лице од Струмица директно за себе и за друг, му побарал подарок од значителна вредност во износ пресметан од по 2 (две) евра за еден метар квадратен градежно земјиште во Струмица, за кое оштетениот бил заинтересиран да го приватизира. Земјиштето е со вкупна површина од околу 100.000 м2, така што вкупната сума што е побарана од оштетениот изнесува околу 200.000 евра. Според документираните сознанија, подарок по една половина требало да биде за пријавениот и за изградба на црква во Струмица. Истиот требало да биде исплатен пријавениот да изврши службено дејствие што не би смеел да го изврши или да изврши службено дејствие што би морало да го изврши, со што истиот се товари дека сторил кривично дело „Примање поткуп“ од член 357 од КЗ.

Заев уште при самото објавување на бомбите изјави дека тоа било местенка од бизнименот Иван Николов – Сачевалиев во обид власта да го девалвира. Веднаш потоа адвокатот на Заев  до OJO во Струмица е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев.

Кривичната пријава против лицето Иво Николов е за сторени две кривични дела: за нудење поткуп на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев и за лажно пријавување.

-Денеска од страна на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев, е поднесена кривична пријава против Иван Николов – Сачевалиев за кривично дело лажно пријавување и нудење на поткуп. Подолг период наназад, почнувајќи од месец ноември 2013 година па до пред некој ден, пријавениот Иван Николов има поведено повеќе постапки пред општина Струмица за трансформација на градежно земјиште, за легализација на бесправни објекти и слично со кои предмети имал потреба да остварува повеќе контакти и средби со било кој од вработените. Меѓутоа веќе неколку пати пред некој ден почнал да нуди надомест, помош за изградба на црквата и слично на кое нешто реакцијата на Зоран Заев била енергична да истото тоа го одбие и состави записник со вработените во присуство на сведоци,изјави тогаш Ване Андреев овластен адвокат на градоначалникот на општина Струмица, Зоран Заев.

На новинарско прашање, зошто речиси после две години се поднесува кривична пријава, адвокатот Андреев одговори:

-Значи не е за после две години, предметите се работат, има 6 или 7 предмети, повеќето се правосилно решени, значи се води постапка, ниту претпоставувал ниту можел да претпостави дека ќе му биде нудено мито, тоа сега се случува и во моментот кога се случува веднаш се составува службена белешка и се пријавува.а

ЗАев уште тогаш јавно на митинг кажа дека бара да се покаже целиот снимен материјал и дека знае дека го снимале. Сега како и минатиот пат излегува селектиран и  само дел од тој материјал. Исто така како што беше и со демек уценувањата  на средбата со Груевски , за некакви „странски служби“, кои сепак не стојат во обвинението.

Слични содржини