Палчо со цивилни возила експресно е пренесен во Шутка: Воведен е посебен сигурносен режим за неговиот притвор

од Илинка Илиоска
281 прегледи

Љупчо Палевски е пренесен е во КПУ Затвор Скопје, за Локално потврди Министерството за внатрешни работи.

„Денеска (15.05.2024) полициски службеници од Секторот за меѓународна полициска соработка на МВР во соработка со турската полиција го завршија процесот на екстрадиција од Република Турција на Љупчо Палевски (59) од Скопје, за кого беше распишана меѓународна потерница за истрага за кривични дела „грабнување” и “убиство“ по издадена наредба XV KO бр 3047/23 од Основното јавно обвинителство Скопје. Лицето е пренесено во КПУ Затвор Скопје“, изјавија од МВР.

Првообвинетиот за киднапирање и убиство на 14-годишната Вања Ѓорчевска од Скопје и на велешанецот Панче Жежовски ќе биде сместен во посебна ќелија, ќе се движи по посебен ходник. Просторијата во која ќе биде сместен е веќе подготвена а мерките за безбедност се на највисоко ниво.

За него ќе бидат задолжени само одреден дел од затворските чувари и ќе се оневозможи останатите припадници на затворската полиција да имаат пристап до него. Во тој дел од затворот ќе може да се влегува само со електронска партичка.

За Палчо ќе се определи посебно време кога ќе може сам да излегува во затворскиот двор, ќе посетува посебна бања со придружба на чувари. А, ќе се проверува и храната што ќе ја добива

Слични содржини