Седницата за разрешување на Зврлевски продолжува во среда во 11 часот

од Vladimir Zorba

Претседателот на Собранието, Талат Џафери во 18 часот го прекина шестото продолжение на седницата за разрешување на републичкиот јавен обвинител Марко Зврлевски и следната седница ја закажа за в среда во 11 часот.

Пратениците на ВМРО-ДПМНЕ испратија писмо до Државната комисија за спречување на корупција за таа да се произнесе дали треба да продолжи седницата бидејќи се распишани локалните избори, а во меѓувреме неколку пати побараа пауза од еден час во Собранието.

Опозицијата побара, додека Комисијата да одговори на писмото, во Собранието да се стави точката за разрешување на Зврлевски во мирување, а да се расправа по други точки.

– Да прекинеме со оваа пародија и да ја тргнете точката од дневен ред. Нека се изјасни Комисијата дали е ова е во согласност со законот, ако е ќе продолжиме, ако не е нема да продолжиме. Овие 2-3 дена може да се искористат за други поважни теми како пожарите, депонијата во Струга, мигрантите, Договорот со Бугарија. Не бегаме од работа и од дебата, тука сме ќе работиме – вели Драган Данев од ВМРО-ДПМНЕ.

Собранискиот спикер Џафери рече дека Собранието работи по Уставот и Деловникот и дека испратеното барање до Антикорупциска не е пречка за негова работа.

Слични содржини