Седумгодишно девојче со тешки повреди по удар од автомобил во гостиварско, возачот избегал

од Vladimir Zorba
105 прегледи

Вчера во 12,30 часот на крстосница помеѓу патот за с.Стар Балиндол и с.Старо Чајле-Гостивар, се случила сообраќајна незгода во која патничко моторно возило непозната марка и регистарски ознаки управувано од засега непознат возач удрило во седум годишно дете од с.Старо Чајле-Гостивар, и го напуштил местото на настанот.

По незгодата детето е однесено во Медицински центар Гостивар, каде и се констатирани тешки телесни повреди (фрактура на десна потколеница) и по укажаната лекарска помош е препратена на Клинички центар Скопје за понатамошно лекување.

Увид на лице место извршила екипа од Полициска станица Гостивар.

Слични содржини