Доколку новинарските здруженија не бидат вклучени во разговорите за медиумите на политичките партии и белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, новинарите ќе протестираат пред Клубот на пратеници, изјави претседателот на Здружението на новинари, Насер Селмани.

selmani-i-dimovski

Тој реагираше на последните измени на Изборниот законик во кој се вклучени и интернет порталите и предвидени се глоби од 8.000 евра.

– Најновите измени во Изборниот законик кои се донесени во нетранспарентна постапка се скандалозни. Големите казни, пак, ќе го зголемат притисокот врз медиумите, а може да предизвикаат и нивно згаснување. Ова што се случува е недозволиво и бараме Ванхауте итно да не стави во преговарачкиот процес – изјави Селмани.

За Тамара Чаусидис, претседателка на Самостојниот синдикат на новинари и медиумски работници, ова денес е предупредувачка прес-конференција до оние кои оваа професија ја направија најниско платена.

СДСМ и ВМРО ДПМНЕ жестоко се судрија за 500 милиони евра

– Нема да дозволиме зад затворени врати да ни носат решенија. Нема да дозволиме да ни воведат цензура. ССНМ е згрозен од овој чин и инсистирањето на мала врата да се внесе цензурата во медиумите – изјави Чаусидис.

 

Пред почетокот на денешната средба на работните групи за медиуми пред Клубот на пратеници, белгискиот олеснувач Питер Ванхауте, рече дека преговорите се пролонгирани до петок кога очекува законите да бидат изгласани во Собранието.

– Не се решение кадровските промени во Македонската радио телевизија и во Македонската информативна агенција. Треба да се изнајдат долгорочни решенија. Промената на луѓето нема да промени ништо во медиумската сфера. Исто така комерцијалните медиуми не смееме да ги ограничиме со забрана за реклами затоа што тоа е така во целиот свет. Сепак очекуваме идната недела, да ги разгледаме сите понудени решенија и се надевам дека ќе изнајдеме конечно решение за да ја заокружеме оваа тема – изјави Ванхауте.

 

META

Слични содржини