На крстосницата меѓу улиците „Климент Охридски“ и „Братство и единство“ во Струмица, утрово во 9 часот се случи сообраќајна незгода меѓу патнички моторни возила Фиат пунто со штипски регистарски ознаки, управувано од В.М. (25 ) од Радовиш и Ауди со скопски регистарски ознаки, управувано од К.А. (58) од Струмица.

Во несреќата, како што информира МВР, со телесни повреди се здобиле возачот на пунтото В.М. и двајца сопатници С.Ѓ. (25) и З.М (32), сите од Радовиш, а од аудито со телесни повреди се здобиле  Ј.А. (53),  Д.К. ( 61) и Р.К. (66) сите од Струмица.

Извршен е увид на лице место, а сите повредени се пренесени во Медицинскиот центар во Струмица за укажување помош. Се работи на целосно расчистување на случајот.

Како што претхпдно известивме утрово во Струмица возило удрило во приватниот автомобил на опозицискиот лидер Зоран Заев. Во моментот на сообраќајката во возилото биле возачот на Заев и неговата сопруга.

zaev-audi-540x264

 

Од ударот како што за Либертас изјави Заев сопругата на неговиот возач има скршено ребро и е однесена во болница. Аудито на Заев било многу оштетено.

Заев вели дека првомајските празници ги поминува во кругот на семејството во Струмица.

 

Од ударот прилично е оштетено возилото, а сопруга на возачот се здобила со повреди и набиеници и завршила во струмичката болница.

Неофицијално, во возилото удрило друго возило кое се движело со голема брзина.

Слични содржини